13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУС

„ЕМА“ го испитува новиот лек против Ковид-19

Европската агенција за лекови проценува дали лекот Xevudy, кој спречува потешки форми на Ковид-19, може да биде одобрен во Европската Унија.

„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од лекот на краток рок и може да даде мислење во рок од два месеца“, се вели во соопштението од оваа организација.

Лекот развиен од фармацевтските компании GlaxoSmithKline и Vir Biotechnologyтреба да ги спречи потешките форми на болеста и потребата од хоспитализација кај пациенти со Ковид-19.

Лекот е наменет за третман на возрасни и тинејџери кои се изложени на зголемен ризик од тешки форми на Ковид-19, пред вклучувањето на терапија со кислород.

Третманот се заснова на терапија со моноклонални антитела со користење на тип на протеин кој се врзува за коронавирусот и ја намалува неговата способност да навлезе во клетката на човечкото тело.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лек за сите проблеми: Еве кои се придобивките од маслото од кантарион во превенцијата од болести

M T

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Природен лек кој може да ни помогне: Еве за што е добар чајот од камилица

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T