13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Мисисипи извршена првата смртна казна по девет години

Дејвид Кокс, човекот кој ја уби сопругата и сексуално ја нападна својата поќерка пред нејзини очи за време на осумчасовна полициска опсада во 2010 година, е првиот осуденик на смрт кој е погубен во американската сојузна држава Мисисипи во последните девет години и е деветти затвореник во САД егзекутиран во 2021 година.

Кокс беше убиен со инекција во државниот затвор Перчман, а беше прогласен за мртов во средата во 18:12 часот по локално време, објави локалниот дневен весник „Кларион Леџер“.

На судењето, кое заврши во 2012 година, Кокс се изјасни за виновен по сите осум точки од обвинението, а во 2018 година ги отпушти адвокатите и ја отфрли жалбата за случајот, велејќи дека заслужил смртна казна.

Трагичниот настан се случи на 14 мај 2010 година, кога Кокс купил пиштол и отишол да ја земе својата побегната сопруга Ким и нивните две деца, кои живееле во куќата на снаата на Кокс.

Тој упаднал во куќата, каде што ги држел во заробеништво сопругата и двете деца повеќе од осум часа, изјави обвинителот.

За време на полициската опсада, Кокс ја погодил сопругата во стомакот и раката, а додека таа умирала со часови, пред нејзините очи три пати сексуално ја нападнал својата поќерка. Тој ги одбил барањата на полицијата да се пружи медицинска помош на сопругата.

Полицијата влезе во куќата по осумчасовна опсада и неуспешни преговори и го уапси Кокс.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Извршена смртна казна во Јапонија, погубен маж кој убил седум луѓе

M T

Пакистан: Смртна казна за подметнување пожар во кој загинаа 280 лица

CENTAR MKD