7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Големи поплави во западниот дел на Канада, една покраина прогласи вонредна состојба

Вонредна состојба е прогласена во западната канадска покраина Британска Колумбија, откако патните и железничките врски во регионот беа прекинати поради силно невреме, јавува Би-би-си.

Канадските војници им помагаат на илјадници жители кои останаа заробени по невремето што ја погоди областа во неделата навечер.

Премиерот Џастин Трудо вети помош за време на посетата на Вашингтон и рече дека војската ќе помогне во обновата.

Една жена загина, а две лица исчезнаа во лизгање на земјиштето.

Илјадници луѓе беа евакуирани откако т.н. атмосферската река – долга нишка на концентрирана влага во атмосферата која носи вода од тропските предели до половите – за само 24 часа исфрли количини дожд какви што во областа обично паѓаат за еден месец.

Поплавите во Британска Колумбија го блокираа пристапот до најголемото пристаниште во земјата и уништија неколку важни патишта, предизвикувајќи лизгање на земјиштето што загрози илјадници луѓе и однесе најмалку еден живот.

Неколку градови се целосно отсечени, а најмалку еден известува за можност од недостиг на храна.

Џеф Кун, свештеник на црква во Хоуп, гратче со 6.000 жители на околу 160 километри источно од Ванкувер, рече дека 1.500 луѓе бараат засолниште.

„Не остана многу во продавниците. Тие не можат да се надополнат бидејќи патиштата не се проодни“, изјави тој за канадската државна телевизија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Кентаки

M T