13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

ЕУ сака да ги заостри правилата за извоз на отпад во посиромашните земји

Европската комисија предложи ревизија на европските правила за извоз на отпад за да им се отежне на земјите-членки да испраќаат отпад во посиромашните земји.

Предложениот закон, кој допрва треба да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент, е дел од планот на Брисел да го намали загадувањето и да се погрижи материјалите како пластика, текстил и метали да се реупотребуваат и рециклираат наместо да се фрлаат.

Половина од отпадот отишол во посиромашните земји

„Целта е да се принуди ЕУ да преземе поголема одговорност за отпадот што го произведува. Тоа не е случај денес и тоа е она што треба да се промени“, изјави високиот претставник на ЕУ за животна средина Вирџиниус Синкевичиус.

Унијата извезла околу 33 милиони тони отпад минатата година, од кои околу половина отишле во посиромашните земји кои не се членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) со послаби правила за управување со отпад од земјите-членки на ЕУ, со што се префрла загадувањето на земјите од Европската унија во странство.

„Само помислете на сето тоа пластично ѓубре поради лошото управување со отпадот“, рече Синкевичиус.

Сиромашните земји ќе треба да докажат дека можат да го отстрануваат отпадот

Според предлогот, земја која не е членка на ОЕЦД треба да го информира Брисел дека сака да прима пратки отпад од ЕУ и да докаже дека може да го отстранува отпадот на еколошки начин. Ако земјата може да го стори тоа, на земјите од ЕУ ќе им биде дозволено да го испраќаат својот отпад таму.

Дополнително, извозот на отпад во земјите на ОЕЦД би бил под контрола на Унијата, а штом ќе се изрази загриженост дека таквиот извоз предизвикува загадување во една земја, Брисел би можел да го прекине доколку нема доволно докази дека земјата може одржливо да управува со него.

Европските компании треба да спроведат независни ревизии на депониите надвор од Европската унија на кои испраќаат отпад за да докажат дека таму отпадот може да се третира на одржлив начин, соопшти Комисијата.

Брисел сака повеќе овластувања за истрагата на нелегалните пратки на отпад

Предлогот на ЕУ има за цел да ги охрабри 27-те земји-членки да го подобрат својот капацитет за рециклирање и повторна употреба на отпадот дома.

Предлогот ќе ги поедностави правилата за испорака на отпад во Унијата за да се осигура дека пластиката, хартијата, железото и челикот може да се испраќаат во европските погони за рециклирање. Брисел, исто така, сака повеќе овластувања за истрага на нелегалните пратки на отпад.

Предлогот беше критикуван од индустријата за рециклирање на метал, која тврди дека ЕУ го третира пластичниот отпад од плажите на ист начин како и висококвалитетниот метал што оди во топилниците.

Мурат Бајрам од European Metal Recycling смета дека дополнителната бирократија за извоз на старо железо ќе и наштети на индустријата со тоа што ќе спречи вишокот материјал да стигне до крајните пазари каде што е потребен.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Фејсбук воведува нова опција: Оние кои нема да ги почитуваат правилата ќе бидат блокирани

M T

Вози Велосипед! Почитувај ги сообраќајните правила и прописи!

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T