23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Затворени 11 електрани на јаглен околу Њу Делхи, поради големата загаденост на воздухот

Индија привремено затвори пет од вкупно 11 електрани на јаглен околу главниот град Њу Делхи, како дел од борбата против загадувањето на воздухот. Затворањето беше наредено од комисијата за управување со квалитетот на воздухот на федералното Министерство за животна средина.

Комисијата исто така го забрани возењето камиони што превезуваат несуштинска стока и го запре градењето во Делхи и соседните градови, пренесува „Ројтерс“. Властите во Делхи ги затворија училиштата и колеџите на неодредено време поради влошената ситуација со загадувањето во главниот град на Индија.

Комисијата предупредува дека постои недвосмислена потреба да се обезбеди квалитетот на воздухот да не се влошува дополнително.

Нивото на загаденост овој месец достигна сериозни размери – индексот на загаденост во Њу Делхи е дури 499 на скала од 500 – што е предупредување дека и здравите луѓе се изложени на ризик од развој на респираторни заболувања.

Нивото на ситни ПМ2,5-честички, кои можат да го загрозат респираторниот систем и да ја блокираат работата на белите дробови, е далеку повисоко во Њу Делхи од безбедносните упатства на Светската здравствена организација (СЗО).

Годинава загадувањето е рекордно, што предизвика строго предупредување од индискиот Врховен суд и наредба до државните и федералните влади да преземат итни мерки за решавање на тој проблем.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Полска забрани увоз на јаглен од Русија и Белорусија

M T

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

M T

Јапонскиот “Мицубиши” заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана во РЕК Битола

M T

ЕСМ: Јаглен се набавува само за потребите на компаниите, одлуката за набавката следната недела

M T

Девет компании доставиле понуди на јаглен за РЕК Битола, понудите ги исполнуваат бараните количини

M T

Струјата наместо да поскапи, би можело да поевтини – Државните електрани понудиле 7 проценти пониска цена од лани

CENTAR MKD