Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Царовска: За прв пат по 10 години ги финансираме јавните научни установи и институти да работат на проекти со кои ќе придонесат за збогатување на нашата наука

Седумте реномирани јавни научни установи и институти од земјава ќе придонесат за збогатување на нашата наука со тоа што три години ќе работат на истражувања поврзани со зачувување на животната средина и природните богатство на Белчишко блато, за зачувување и негување на македонскиот јазик, влијанието на историјата и историографијата во јавните политики и наративи, проучувањето на цивилизациските процеси во средновековната култура, зачувување на културното наследство на Албанците, како и проучување на традиционалната и современата култура. Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ги врачи договорите за финансирање на овие проекти, кои беа избрани на јавниот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти.

Средства за финасирање на проекти добија Хидробиолошки завод–Охрид, Институтот за македонска литература–Скопје, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја-Скопје, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за старословенска култура–Прилеп, односно сите јавни научни установи и институти во државата.

„Ви посакувам успешна и плодна работа во следните три години, од која, верувам, ќе произлезат многу заклучоци со кои ќе се збогати нашата наука, но и ќе влијаат на сочувувањето на природните, културните и историските вредности во Република Северна Македонија. Враќањето на финансиска поддршка за научно истражувачки проекти по цела една деценија ја покажува грижата на оваа Влада и на Министерството за развојот на домашната научна мисла, затоа што сме свесни за нејзиното стратешко значење и придонес во целокупниот развој на државата“, рече Царовска по доделувањето на договорите.

Финансирањето на овие истражувачки проекти е само прв исчекор во позиционирање на науката како темел на севкупниот општествено–економски напредок но и на градење систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финансирањето на научно-истражувачката дејност, посочи министерката. Иако институтите и научните установи се цврсто позиционирани во Законот за научно-истражувачка дејност, досега, во реалноста, не беа препознати како база на истражувањето и немаа никаква поддршка од државата. Напоменувајќи дека науката прераснува во врвен приоритет, Царовска укажа дека тоа може да се види од континуираното зголемување на процентот од БДП што се двои секоја година за наука.

„Оваа година вкупните вложувања во науката изнесуваат околу 400 милиони денари што е 0,37 % од БДП. Пред десеттина година овие вложувања беа само 0,2 %. Се надевам дека ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина“, нагласи Царовска.

Министерството за образование и наука прави целосна промена на начинот на финансирање на научно-истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање како и продолжување на грантовото финасирање.

Директорите и претставниците на јавните научни установи и институти кои присуствуваа на свеченото врачување на договорите изразија огромно задоволство што МОН по долг временски период обезбедува средства од државата за проекти од нивната научно-истражувачка работа. Тие посочија дека ова е одлична база за поттикнување на истражувања кои ќе придонесат и ќе ја збогатат научната дејност во Република Северна Македонија, но истовремено и ќе ја поттикнат државата континуирано да издвојува средства од Буџетот за науката.

Можеби ќе ве интересира

Јетон Шаќири е новиот министер за образование и наука

M T

Царовска: Со опремување на 260 кабинети по природни науки и нови наставни програми кај учениците ја развиваме љубовта кон природата и свесноста за важноста на животната средина

M T

Царовска: Вложувањата во науката треба да се темелат на приоритети, со Стратегијата за паметна специјализација се овозможува реална економска визија

M T

Царовска: Со поддршка од ЕУ градиме нов интегриран систем на податоци за основно, средно и високо образование, алатка која ќе го олесни одлучувањето и ќе ја забрза дигитализацијата

M T

Царовска по повод Меѓународниот ден за човекови права: Обезбедуваме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете

M T

Царовска: Создаваме сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите, обезбедувајќи професионален и кариерен развој на наставниците, преку проект од ИПА2

M T