11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин и Лукашенко постинаа важна цел – ја натераа ЕУ да разговара со белорускиот претседател

Мигрантската криза во Источна Европа станува сè понапната, а односите на ЕУ со Белорусија и Русија стануваат подраматични.

Според податоците на Фронтекс, во првите 10 месеци од 2020 година на територијата на ЕУ упаднале околу 135.000 мигранти.

Бидејќи и по два долги разговори германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не успеа да го натера Владимир Путин да влијае врз белорускиот режим, во врска со трансферот на мигрантите на надворешните граници на ЕУ, таа сепак мораше да разговара со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Речиси еден час зборуваа за мигрантската криза.

Путин и Лукашенко ја постигнаа целта – ЕУ која не го признава легитимитетот на белорускиот претседател е принудена директно да комуницира со него, што го толкуваат како прв чекор кон признавање на Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, велат експертите.

Бундестагот донесе резолуција за непризнавање на резултатите од претседателските избори во Белорусија, поради наводна кражба на гласови во корист на Лукашенко. Но, Лукашенко доби на важност, а ЕУ повторно покажа одредена слабост, бидејќи се согласи на рутинската уцена Москва-Минск, иако подготвува ригорозни санкции, пишуваат светските медиуми.

Сепак, Берлин брзо возврати и ѝ зададе голем удар на Москва – привремено беше суспендирано издавањето на употребна дозвола за гасоводот Северен тек 2, што предизвика прилично незадоволство во Москва. Московската берза веднаш реагираше и акциите на Гаспром паднаа за нешто помалку од два отсто, но цената на бензинот на светскиот пазар порасна за 10 отсто. Германците ја образложија одлуката дека изградбата мора да се реорганизира во согласност со германските закони.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T