Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Австрија ги заострува мерките за влез во земјата

Австрија од понеделник ги заострува правилата за влез во земјата и преминување од „3Г“ на правило „2.5Г“.

Тоа значи дека за влез во државата треба потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19, не постара од 180 дена, а доколку некој ги нема овие два документа, тогаш негативен ПЦР-тест.

Досега можеше да се влезе во Австрија со негативен антиген тест, а од понеделник ќе важи само ПЦР-тестот.

Според новата регулатива, која ќе стапи на сила в понеделник, правилото „3Г“ ќе продолжи да важи за прекуграничната работна сила.

Но, и за нив се заоструваат мерките, што значи дека ПЦР-тестот повеќе нема да важи седум дена, туку 72 часа, а антигенскиот тест наместо 48 часа ќе важи само уште 24 часа.

Отсега, потврдата за вакцинација наместо една година ќе важи само девет месеци од приемот на последната доза, но за овој дел од регулативата е предвиден преоден рок до 6 декември.

Можеби ќе ве интересира

Нови мерки против коронавирусот во Франција

M T

Лукаревска: Избори нема да има, туку работа, време е за мерки и проекти за надминување на кризата

M T

Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза

M T

СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува, Владата предводена од СДСМ ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните

M T

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

M T

Австрија го продолжи карантинот за невакцинираните

M T