12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пари, пиштол и кондом до креветот – објавени нови фотографии за кои се тврди дека се од спалната соба на Борисов

Нови фотографии оваа недела беа испратени до локалните медиуми, а кои наводно го прикажуваат поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, како спие во државна резиденција со значителна сума евра во фиока и пиштол оставен покрај креветот.

На едната фотографија се гледа пиштол на ноќна маса и кондом.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ преку е-маил во кој се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на земјата.

Обвинителството ги проверува новите фотографии.

Се верува дека новите фотографии се направени во исто време кога биле сликани и првите, објавени минатата година.

Бугарскиот сајт Dir.bg наведува дека настанала аферата „Мата Хари“ и дека се трага по мистериозна жена за која се верува дека ги фотографирала собата и премиерот, најверојатно откако имале сексуален однос.

Во јуни 2020 година, веб-страницата Афера ја објави првата серија фотографии од спалната соба. На фотографиите се гледаа златни плочки и снопови евра во истата просторија во резиденцијата на тогашниот премиер.

Во тоа време, локалните медиуми добија анонимни фотографии од Борисов како спие во својата спална соба покрај пиштол Глок калибар 9 милиметри и фиока полна со банкноти од 500 евра и златни плочки. Поранешниот премиер ја потврди нивната автентичност, велејќи дека фотографиите се направени во резиденцијата што ја користел како премиер.

Оттогаш, привремената влада на Бугарија започна бројни истраги за корупција во поранешната администрација на Борисов. Привремената влада иницираше обемна реконструкција на државната администрација и институциите, но тоа ја доведе во отворен судир со обвинителството на чело со Иван Гешев, кој беше именуван по контроверзна постапка додека партијата ГЕРБ беше на власт.

„Повеќе од една година чекаме да видиме дали некој во обвинителството ќе провери како и зошто бугарскиот премиер организирал грабежи во сите економски сектори, оргии во владината резиденција, криел злато во неговата спална соба (исто така запленети од изградба на автопат) и спие со пиштол покрај себе – резултатот е нула, како што знаат сите, па затоа денеска организираме „Ден на размислување пред ден на размислување“ – затоа што ако во недела не му покажеме дека местото му е надвор од власт и во затвор, можеби нема да има следна шанса“, напиша испраќачот на фотографиите во своето писмо до „Евро Дикоф“.

Анализата спроведена од истражувачкиот порталот Bird.bg покажа дека фотографиите се направени во средината на јули 2018 година, 8 мај 2020 година и 11 јуни 2017 година. Две фотографии немаат метаподатоци кои би дале информации за датумот кога се направени, објави порталот на Фејсбук.

Во 2020 година, беа објавени фотографии на Борисов како спие покрај пари и пиштол кога во Бугарија имаше масовни антивладини протести. Тие потоа сериозно го потресоа Борисов и неговата влада, но премиерот одби да поднесе оставка. Протестите беа одбележани со полициско насилство и апсење на десетици луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бразилска одбојкарка заработува 50 пати повеќе од фотографии на интернет отколку од спортот

M T

Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП

M T

Плевнелиев: Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ

M T

ГЕРБ на Борисов до Собрание го поднесе предлогот за решавање на спорот со Скопје

M T

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

M T

Борисов повикан на разговор во полицијата: „Се надевам дека ќе излезам жив“

M T