5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

Откази и тужби во Јапонија поради воз кој доцнел две минути

Санкцијата дојде поради тоа што неговиот воз накратко доцнел во овој најпрецизен железнички систем во светот.

Железничката компанија JR West го казни човекот за две минути доцнење во јуни 2020 година поради конфузија на работа.

Вработените сега бараат 2,2 милиони јени (19.407 долари) како компензација за ментална болка.

Според јапонски портали, неименуван маж требало да вози празен воз кој одел до станицата Окајама на југот на земјата, но застанал на погрешна платформа додека чекал да го преземе претходниот машиновозач.

Во моментот кога ја сфатил својата грешка и се упатил кон правилната платформа, преносот на должностите меѓу двајцата машиновозачи бил одложен за две минути, што довело до доцнење од една минута при тргнувањето на возот и доцнење за уште една минута при пристигнувањето.

Возачот го префрлил својот случај до Окружниот суд во Окајама во март, каде што сега бара отштета.

Јапонскиот железнички систем е познат по својата сигурност. Во 2017 година, железничката компанија се извини откако еден од нејзините возови ја напушти станицата 20 секунди порано. Доколку возот доцни повеќе од пет минути, на патниците им се издава потврда која може да ја користат како објаснување за доцнењето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Загина маж од Неготино откако бил удрен од товарен воз

M T

Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

M T

Се запали воз во Бостон, патниците бегаа низ прозорците

M T

Товарен воз прегази мигранти кои лежеле на пругата кај Миравци

M T

Воз удри во локомотива во Чешка, едно лице загина а пет лица се повредени

M T

Воз во САД излета од шините, три лица се загинати а најмалку 50 се повредени

M T