21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на гасот, не е одобрена од Москва

Изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, дека ќе го блокира транзитот на гас за Европа, не е одобрена од Москва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Не, неговата изјава не беше координирана со нас. Станува збор за нашиот сојузник, Белорусија е суверена држава“, изјави Песков и додаде дека Русија ќе остане сигурен снабдувач на енергија на Европа, без оглед на акциите на Белорусија.

„ Русија отсекогаш била и потенцијално ќе остане земја која гарантира енергетска стабилност на европскиот континент. Без разлика на акцијата на белоруската страна, Москва сигурно ќе и гарантира на Европа енергетска безбедност“, додаде портпаролот на Кремљ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

M T

Кремљ откри за што ќе разговараат утре Путин и Џинпинг

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

M T