20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Боинг“ призна одговорност за авионската несреќа во која загинаа 157 луѓе

Компанијата „Боинг“ во средата пред судот се изјасни за виновна за авионската несреќа во 2019 година во Етиопија, во која загинаа 157 луѓе.

Според спогодбата меѓу „Боинг“ и семејствата на загинатите, адвокатите на жртвите нема да бараат кривична отштета, а „Боинг“ нема да ги оспорува тужбите поднесени во Илиноис, пишува Си-Ен-Ен.

„ „Боинг“ сака да се погрижи сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во несреќата да бидат целосно обесштетени за нивната загуба. Со прифаќањето на одговорноста, „Боинг“ им дозволува на двете страни да се фокусираат на одредување соодветна компензација за секое семејство“, соопшти компанијата.

Адвокатите на жртвите во соопштението рекле дека „Боинг“ признал според договорот дека авионот „737 Max“ во сопственост на „Етиопија ерлајнс“ не бил безбеден и дека нема да се обиде да обвини некој друг за несреќата.

„ Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правдата, бидејќи ќе обезбеди соодветно третирање и исполнување на условите за наплата на целосен надомест според законот на Илиноис“, велат адвокатите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

M T

Две од децата повредени во несреќата во Бугарија ќе бидат пренесени во Софија

M T

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

M T