19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина испраќа хеликоптери на границата со Белорусија – Лукашенко се закани со прекин на гасот

Украина ќе распореди 8.500 припадници на армијата и полицијата, како и 15 хеликоптери на границата со Белорусија, со цел да се спречат можните обиди на мигрантите да ја пробијат границата, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.

Toj рече дека единицата ќе биде составена од 3.000 граничари, 3.500 припадници на Националната гарда и 2.000 полицајци, пренесува „Ројтерс“.

„ Ќе дежура и авијацијата (од) Министерството за внатрешни работи, особено 15 хеликоптери, кои ќе овозможат мобилност и по потреба ќе ги префрлат нашите сили до границата“, додаде Монастирски.

Продолжуваат тензиите на границата меѓу Полска и Белорусија, а официјална Варшава го обвинува режимот на Александар Лукашенко дека води „хибридна војна“.

Лукашенко денеска се закани дека ќе го запре транзитот на гас во Европа, преку транснационалниот гасовод Јамал-Европа, доколку Европската унија ги прошири санкциите против Минск.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T