12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема воена вежба на НАТО – учествуваат над 1000 војници, 100 возила, бродови и авиони

Специјалните сили на НАТО и партнерите започнаа голема воена вежба во Романија наречена „Вкрстен удар 21“.

Во вежбата учествуваат околу 1.000 војници, со цел зајакнување на заедничкото дејствување во сценарио на хибридна војна.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, домаќинот на вежбата, Романија, учествува со повеќе од 800 војници и околу 100 возила, пловни објекти и авиони.

Уште 150 специјалци дојдоа од САД, Грција, Бугарија, Велика Британија, Холандија, Португалија, Молдавија и Грузија. Вежбата се одржува на седум локации, од кои едната е на море, а најмногу активности има на Карпатите и централна Романија.

„Оваа вежба продолжува преку меѓународни вежби во Романија во кои учествуваат специјални сили. Претходните месеци во таа земја и регион се одржуваa вежби во рамките на американската „Бранител на Европа 21“ и вежбата на НАТО „Силен бранител““ се наведува во текстот.

Порталот додава дека медиумските извештаи покажуваат дека во вежбите се користи модерно оружје и опрема на специјални единици, џипови „Хамер“, транспортни хеликоптери и брзи патролни чамци, како и пушки од постарата генерација.

Сите учесници на себе имаа карактеристична опрема од специјални единици, специјално дизајнирани униформи, нови шлемови, држачи за оклопни плочи, очила, ракавици и оптички, електронски и ласерски нишани.

По успешната вежба, силите кои учествуваа на вежбата ќе добијат потврда дека се борбено подготвени за спроведување на специјална операција на море, како и дека командните структури се способни за планирање и спроведување на специјална операција на НАТО.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

M T

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

M T

Кадиров: Знам што се случува на Косово, тоа е сложена ситуација во кој има трет поттикнувач – НАТО

M T