12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски дипломат пронајден мртов во Берлин, се претпоставува дека паднал од прозор

Германската полиција откри тело на руски дипломат пред амбасадата на земјата во Берлин. Извештаите велат дека мажот паднал од прозорецот.

Починатиот бил 35-годишен секретар во амбасадата.

Информацијата за смртта на рускиот дипломат ја потврди и германското Министерство за надворешни работи, но не сакаше да ја коментира оваа вест. Претставник на германското одделение за надворешна политика изјави дека се уште нема коментари, со цел да се заштитат личните податоци на жртвата.

Според официјалната листа на дипломати, овој 35-годишник е акредитиран како втор секретар на амбасадата во Берлин од летото 2019 година. Меѓутоа, германските безбедносни власти го гледаа како маскиран офицер на руската тајна служба ФСБ. Се наведува и дека тој бил во роднинска врска со висок функционер на ФСБ.

Безбедносните кругови соопштија дека се непознати околностите за наводниот пад и причината за смртта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албански бизнисмен пронајден мртов во Торино

M T

Берлин и Париз се против забраната за руски туристи

M T

Османи во работна посета на Берлин

M T

Маж пронајден мртов на пат во селото Велгошти

M T

Германскиот министер за надворешни работи -новата талибанска влада не дава причина за оптимизам

M T

Го бараа со денови: Mлад актер пронајден мртов во близина на колеџот

M T