15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Пентхаусот на Мерлин Монро во Вест Холивуд се продава за 2,49 милиони долари

Луксузен двокатен пентхаус стан што некогаш наводно, ѝ припаѓал на Мерлин Монро, а се наоѓа во внатрешноста на „Гренвил тауерс“ во Вест Холивуд, се појави на пазарот на недвижности по цена од 2,49 милиони долари.

Се верува дека легендата на сребрениот екран и една од најпознатите филмски икони живеела во станот некаде во есента 1954 година пред да се пресели во Њујорк во 1955 година за да студира глума и да ја води својата продукциска компанија „ММП“.

Најимпресивниот дел на единицата во Sunset and Crescent Heights е спалната соба со прозорци од подот до таванот и вградени прозорски седала.

Овој пентхаус може да се пофали со високи тавани, кружни скали, дрвени подови од шеврон и 2,032 квадратни метри простор.

Аманда Лин, вработена во агенцијата за недвижности, откри дека има второ „тајно“ скалило кое води до големa празнина, која е претворена во плакар.

Местото во француско-нормандиски стил првично беше дизајнирано во 1930 година од Лиленд Брајант и нуди две спални соби, две бањи слични на спа, и две места за паркирање.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Руските банки загубија речиси 25 милијарди долари во првите шест месеци од годинава

M T

Кадиров нуди еден милион долари за информација

M T

Закербег викендов изгуби уште 2 милијарди долари

M T

„Дизни“ ќе потроши 33 милијарди долари за нови содржини

M T

Виртуелна јахта во метаверзумот продадена за 650,000 долари

M T

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

M T