9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Научници од Оксфорд открија ген кој двојно го зголемува ризикот од смрт од Ковид-19

Научниците од Универзитетот Оксфорд открија ген кој го удвојува ризикот од откажување на белите дробови и смрт од ковид.

Имено, тие тврдат дека 60 отсто од луѓето од Јужна Азија и 15 отсто од луѓето со европско потекло имаат високоризична верзија на тој ген.

„ Вакцините се клучни и помагаат значително да се намалат овие ризици“ тврдат истражувачите.

Студијата објавена во научното списание „Нејчр џенетикс“ (Nature Genetics) делумно открива зошто некои заедници во Велика Британија и Јужна Азија се изложени на поголем ризик од Ковид-19, но тоа не го објаснува целосно.

Надоврзувајќи се на претходната генетска работа, истражувачите користеа комбинација на вештачка интелигенција и нова молекуларна технологија за да го лоцираат точниот ген – наречен LZTFL1 – одговорен за зголемени ризици.

Тие проценуваат дека верзијата на генот за ризик е присутна кај околу 2 отсто од луѓето со африканско-карипско потекло и 1,8 отсто од луѓето од источноазиско потекло.

Водечкиот истражувач, професорот Џејмс Дејвис, рече дека сложената комбинација на фактори, вклучувајќи ја особено возраста, придонесува за индивидуалниот ризик на секој човек и дека социо-економските фактори исто така веројатно ќе бидат важни во објаснувањето зошто некои заедници се особено тешко погодени од пандемијата.

„ Иако не можеме да ја промениме нашата генетика, нашите резултати покажуваат дека луѓето со повисок ризик ген веројатно ќе имаат корист од вакцинацијата“, рече Дејвис.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Научниците со најави: Климатските промени може да имаат разорен ефект врз источниот Медитеран

M T

Научниците збунети бидејќи моќниот телескоп Џејмс Веб „гледа“ работи во вселената што не треба да бидат таму

M T

НЕ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИ – Еве како тие можат да бидат многу корисни

M T

СЗО: Сипаниците се умерен ризик за јавното здравје

M T

Научниците открија: Еве кога се активира вирусот на херпес

M T

Лавров: Опасноста е голема, ризикот од нуклеарна војна е сериозен

M T