7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Велика Британија прва го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирус

Велика Британија го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирус со што стана прва земја која даде зелено светло за домашна употреба на лекот.

Пилулата е лиценцирана за возрасни над 18 години и треба да се зема два пати на ден во период од пет дена од страна на лица со благи до умерени симптоми на Ковид-19.

Антивирусната пилула која ги намалува симптомите и го забрзува закрепнувањето може да се покаже револуционерна затоа што може да го намали бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

Американската управа за храна и лекови минатиот месец објави дека ќе свика панел од независни експерти за да ја испита безбедноста и ефикасноста на лекот кон крајот на ноември.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Денеска ќе биде објавено името на новиот премиер на Велика Британија

M T

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

M T

Џонсон го намалува државниот апарат, во Велика Биратнија се планира да бидат отпуштени околу 90.000 вработени

M T

Велика Британија ги прошири санкциите кон Русија и Белорусија

M T

Велика Британија: Русите имаат помал успех, Украинците ги исцрпија во Мариупол

M T

Велика Британија и Холандија ќе го чуваат небото над Бугарија и Романија

M T