11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година

Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11.11.2021 година, до 12:00 часот.

Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

Имено, Министерството за култура од годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Овие 8 намирници можете слободно да ги јадете по истекот на рокот

M T

Список на намирници кои НЕМААТ рок на траење: Можат да траат ВЕЧНО ако внимавате на неколку работи

M T

Лорер: Декември не е реален рок за целосен договор со Северна Македонија

M T

ВНИМАВАЈТЕ: Дали користите шампон со истечен рок? Еве зошто треба да престанете да го правите тоа ВЕДНАШ!

M T

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

M T