13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралискиот премиер објави СМС-пораки од Макрон – француските политичари со остри реакции

Австралискиот премиер Скот Морисон објави СМС-пораки, кои му ги испратил францускиот претседател Емануел Макрон. Тоа ги разбесни француските политичари и воедно ги продолжи дипломатските тензии меѓу двете земји, пишува британски „Гардијан“.

„Објавувањето пораки разменети од шефовите на држави е груба и многу неконвенционална тактика“, изјави неименуван советник близок на претседателот Макрон за француските медиуми. Тој додаде дека францускиот претседател никогаш не би помислил на такво нешто.

Сè започна два дена пред објавувањето на воспоставувањето на воено-безбедносниот пакт Аукус и поништувањето на договорот за француска испорака на подморници во Австралија. Макрон подоцна рече дека знаел дека Морисон го лаже и оти ќе се сврти кон САД и Велика Британија.

Австралија минатиот месец го раскина договорот вреден повеќе милијарди долари за купување француски подморници и одлучи да купи американски.

Морисон ги отфрли обвинувањата дека лажел и рече дека нема да дозволи таков однос кон Австралија. Француските медиуми го опишаа протекувањето во јавноста како „спектакуларно и исклучително ретко“.

Според Гардијан, очигледната намера била да се укаже дека Макрон однапред знаел оти договорот може да биде поништен. Но, Елисејската палата го негира ова и вели дека претседателот само сакал да знае што се случува, имајќи предвид дека се работи за договор вреден дури 49 милијарди фунти за купување на 12 моќни подморници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Макрон критикуван во Франција поради средбата со саудискиот принц

M T

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

M T

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

M T

Макрон објави видео од уништениот трговски центар: „Рускиот народ мора да ја види вистината“

M T

Украина и Молдавија со кандидатски статус, Макрон: Ова е порака до Русија

M T