9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Предлог за ручек

Рецепт за пилешки крилца со ајвар: Крцкав и зачинет ручек за есенските денови

Сигурно сте пробале пилешки крилца на многу начини, но овие со ајвар се особено вкусни

Пилешките крилца се јадење со кое многу луѓе сакаат да се почастат, а понекогаш се погодни како „грицки“ во кои уживаме додека гледаме добар филм или уште почесто фудбалски натпревар.

Овој пикантен и лесен рецепт ќе ве воодушеви, а она што ги прави посебни вака направените крилца е еден типичен додаток за нашето поднебје – ајварот.

Освен што не се скапи, па се достапни за секого, крилцата се подготвуваат толку лесно што и почетниците во кујната не можат да згрешат кога се впуштаат во „авантурата“ за подготовка на ова јадење.

Подготовка:

Земете една кеса за маринирање. Во него се ставаат крилца, маргаринот, ајварот, лутата пиперка, солта и биберот, а потоа во кесичка се мешаат сите состојки добро, така што крилцата рамномерно се премачкаат со останатите состојки. Потоа ставете ги крилцата во фрижидер и оставете ги да се маринираат два часа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T

Пробајте „балкански кавијар“: За многумина ајварот е повеќе од храна и е предмет на бројни дебати

M T

СТАР РЕЦЕПТ – Подгответе го ајварот полесно од било кога

M T

Најбрзиот рецепт за ајвар

CENTAR MKD

СОЛЕНА ТОРТА СО АЈВАР: Традиционално предјадење кое морате да го пробате!

CENTAR MKD