17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИССВЕТ

Забрането рекламирање на слатки наменети за деца под 16 години во Шпанија

Од 2022 година, шпанската влада ќе забрани рекламирање на слатки или висококалорични пијалоци за деца на Интернет, во кината, на радио и телевизија.

Шпанската влада најави дека од следната година ќе забрани рекламирање на слатки прехранбени производи наменети за лица помлади од 16 години.

Министерот за потрошувачи Алберто Гарзон изјави дека од 2022 година ќе биде забрането рекламирање на прехранбени производи како што се бисквити, сладолед, слатки или висококалорични пијалоци наменети за деца под 16-годишна возраст на Интернет, во кината, на радио и телевизија.

Гарзон рече дека неопходните консултации со Светската здравствена организација (СЗО) и Националната комисија за пазари и конкуренција се завршени.

„Стапката на прекумерна тежина кај децата во Шпанија е 23,3 отсто, а дебелината 17,3 отсто. За децата на возраст од шест до девет години, овие податоци вкупно надминуваат 40 проценти. Ова се алармантни бројки“, предупреди Гарзон.

Научна студија објавена во Шпанија во септември оваа година покажа дека девет од десет телевизиски реклами за деца ги прекршуваат правилата за здрава исхрана.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Осум деца се тешко ранети кога граната експлодира на детски настан во Украина

M T