10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Официјална твитер страница на Џо Бајден
СВЕТ

Рим под полициска опсада поради самитот Г20, пристигна Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден рано утринава пристигна во Рим, каде утре почнува дводневниот самит на Групата 20 (Г20).

Бајден денеска ќе има приватна средба со папата Франциско, а во текот на денот ќе разговара со италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Марио Драги.

Предвидено е Бајден да се сретне и со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Според медиумите, поради безбедноста на учесниците на самитот Рим од вчера е „затворен град“, што е игра на зборови и асоцијација со познатиот филм на Роберто Роселини од 1945 година, „Рим – отворен град“.

Делот од градот, каде што ќе се одржи самитот на светските лидери, од безбедносни причини е прогласен за максимална безбедносна зона во радиус од 10 километри, а пристап ќе имаат само учесниците и жителите на тој дистрикт, со посебни дозволи.

Приватниот воздушен сообраќај над Рим е забранет, а полициски хеликоптери од вчера го надлетуваат градот во низок лет.

Цивилниот воздушен сообраќај на двата римски аеродрома се одвива непречено.

За безбедноста на учесниците на самитот се ангажирани близу 6.000 полицајци и армијата, чија задача за време на самитот да одржува анти-дрон контрола.

Италијанската министерка за внатрешни работи Лучана Ламоргезе оцени дека од безбедносен аспект времето за самитот е многу напорно.

Според неа, од речиси 14.000 различни протести само оваа година, безбедноста на учесниците на самитот на Г20 е најголемиот предизвик за безбедносните сили, но и за Рим како град домаќин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Турист во Рим казнет со 450 евра затоа што седнал на раб на фонтана и јадел

M T

Путин и Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самитот во Узбекистан

M T

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

M T

Премиерот Ковачевски денеска ќе учествува на лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ во Белград

M T

Претседателите на Кина и Русија во ноември на самит Г20

M T