4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКНАУКАИЗБОР

Откриена е првата планета слична на Земјата надвор од нашата галаксија

Досега се пронајдени речиси 5.000 егзопланети – светови кои орбитираат околу ѕвездите надвор од нашиот Сончев систем, но сите од нив се наоѓаат во галаксијата Млечен Пат. Астрономите пронајдоа знаци на првата планета слична на нашата која беше откриена надвор од нашата галаксија.

Можен планетарен сигнал откриен од рендгенскиот телескоп на НАСА „Chandra X-Ray“ се наоѓа во спиралната галаксија Месија 51, која е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од Млечниот Пат.

Овој нов резултат се заснова на набљудување на транзитот, кога поминувањето на планетата пред ѕвезда блокира дел од светлината на ѕвездата и дава карактеристичен пад на светлината што може да се открие со телескопи. Оваа техника веќе е искористена за пронаоѓање на илјадници егзопланети.

Д-р Розен ди Стефано и нејзините колеги барале карактеристични отстапувања во осветленоста на рендгенските зраци добиени од одреден тип на објект во кој таа е позабележителна.

Овие објекти обично содржат неутронска ѕвезда или црна дупка што го пренасочува гасот од блиското Сонце, односно од ѕвездите. Помалите и поголеми небесни честички и друг материјал во близина на неутронска ѕвезда или црна дупка се прегреваат и испуштаат сјај на бранови должини на Х-зраци.

Бидејќи областа што произведува толку светли рендгенски зраци е мала, планетата што минува пред неа би можела да ги блокира повеќето или сите рендгенски зраци, што го олеснува забележувањето на транзитот.

Членовите на тимот ја користеа оваа техника за да откријат кандидат за егзопланета во бинарен систем наречен M51-ULS-1.

„Методот што го развивме и го применивме е единствениот моментално применлив метод за откривање на планетарни системи во други галаксии“, изјави за Би-Би-Си д-р Ди Стефано од Центарот Харвард-Смитсонијан, оддел за астрофизика на Универзитетот Кембриџ во САД.

„Тоа е уникатен метод, специјално прилагоден за пронаоѓање планети околу бинарни системи со рендген на кое било растојание од кое можеме да ја измериме кривата на светлината“, објасни д-р Ди Стефано.

Можеби ќе ве интересира

Швајцарски астрофизичар: За 25 години ќе лоцираме вонземјани

M T

Зошто кралицата Елизабета никогаш службено не ја посети родната земја на својот сопруг

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Експлодираше најголемиот сончев одблесок досега, затемнување на Земјата. Што е следно?

M T

22 Април – Ден на планетата Земја

M T

„Хабл“ ја сними најголемата комета досега, која се приближува до Земјата

M T