13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока бројка откако се води евиденција, изјави специјалната известувачка на ОН за човекови права на внатрешно раселените лица, Сесилија Хименез- Дамари.

На состанокот на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН, таа посочи дека пред сè поради сè покомплексната природа на вооружените конфликти и општото насилство, сè потешко е да се обезбедат човековите права во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Таа оцени дека покрај конфликтите и насилството, како причина за раселување може да бидат и катастрофите од 2020 година и пандемијата со коронавирусот.

Додава дека зголемениот проток на мигранти ќе биде следната пандемија со која ќе се соочат земјите во светот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пердасдефогу – Градот со најмногу стогодишници во светот

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T

Гутереш: Светот е во опасност

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Ова се 10те најдобри места за живеење во светот

M T