20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Oбјавени детали од пукањето во кое Болдвин ја уби снимателката

Режисерот Џоел Соуза ѝ рекол на полицијата дека Алек Болдвин вежбал да го извлекува пиштолот кога бил испукан куршумот, пренесува „Си-ен-ен“, додавајќи дека актерите и снимателската екипа на филмот Rust штотуку се вратиле од ручек кога тоа се случило.

„Во еден момент, актерот Алек Болдвин и уште неколкумина вежбаа сцена во црква на филмски сет за вестерн кој требаше да личи на Канзас од 1880-тите. Во друг момент две лица крвареа од прострелни рани, од кои едното фатално,“ се наведува во исказ на сведоците.

„Си-ен-ен“ дава преглед за тоа како се случила трагедијата, во која камерманката-директорка на фотографија Халина Хачинс го загуби животот, врз основа на записникот поднесен по претресот и повикот на 991.

Вестернот се снимаше минатиот четврток на ранчот Bonanza Creek, во близина на Санта Фе, Ново Мексико. Болдвин во филмот глуми седокос одметник кој бега од власта со својот 13-годишен внук.

„Утрата на филмскиот сет обично започнуваа со појадок во 6:30 часот, но тој ден доцнеа. Шестчлена екипа сниматели го напушти сетот непосредно пред трагедијата поради поплаки за плата и сместување. Донесена е нова екипа. Дури и со доцнење поради тоа, се чинеше дека снимањето продолжува без проблем,“ изјави режисерот Џоел Соуза на замениците шерифи на округот Санта Фе.

„Болдвин и членовите на тимот почнаа да ја вежбаат сцената во разурнатата црква, паузираа на ручек, а потоа се враќаа на сетот. Болдвин, во облека што ја гледаме на вестерн, беше во близина на Соуза, Хачинс, и уште неколку луѓе. Беше поставена една камера, но сцената само се вежбаше, ништо не беше снимено.“

„Помошникот на режија Дејв Холс донесе пиштол-реквизит пред црквата и извика „ладен пиштол!“, сакајќи да каже дека не е наполнет. Потоа му го даде на Болдвин, кој седеше на клупата пред црквата и гледаше во камерата и екипата зад неа.“

„Болдвин демонстрираше т.н. вкрстено извлекување. Тој го извлече пиштолот од футролата на спротивна страна на телото од раката. Сцената бара од него да го впери пиштолот кон камерата…беше околу 13:50 часот.“

Соуза на полицијата ѝ кажа дека ја гледал сцената преку камера и блиските монитори кога слушнал „нешто што звучело како удар со камшик, а потоа и силен бум. Хачинс паднала на земја, држејќи се за стомакот и рекла дека не ги чувствува нозете. Соуза, кој стоел до неа, забележал крв на своето рамо.

„Одеднаш настана хаос. Снимателската екипа веднаш реагираше, докторот се обиде да го спречи крварењето на Хачинс, додека други избезумено повикуваа брза помош“…

Шест дена по трагедијата, многу прашања остануваат неодговорени. Филмската индустрија ја оплакува Хачинс, срцето на Болдвин е скршено.

Ранчот Bonanza Creek, кој се користеше за снимање на повеќе вестерни и ТВ- серии, сега е затворен. Продукцијата најави дека снимањето на филмот Rust ќе биде стопирано, барем додека не заврши истрагата за инцидентот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Детали за страшната експлозија во Абу Даби: Граѓаните стравуваа од терористички напад

M T

Нови детали за драмата во Ница – Уапсен е полицаец

M T

Поднесена тужба против Болдвин: Нема пукање со пиштол во сценариото

M T

Константин Георгиески: Ние имаме детали за се што ви ветуваме, имаме одговор на секое прашање со факти и аргументи, за разлика од опозицијата која нема дефинирано ниту детали и се крие зад банални и паушални обвинувања

M T

Коронавирусот ескалира во Скопје, дури 3562 активни случаи – Еве каква е состојбата по градови низ цела Македонија

CENTAR MKD