Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Кралицата Елизабета помина една ноќ во болница и ја откажа посетата на Северна Ирска

Кралицата Елизабета (95) помина една ноќ во болница откако ја откажа посетата на Северна Ирска, соопшти Бакингемската палата.

Кралицата требаше да тргне на дводневно патување во средата, но лекарите ја советуваа да ја откаже посетата и да одмори неколку дена во замокот Виндзор.

Набргу потоа била однесена во болница на прегледи, а вчера се вратила дома.

„Причината за нејзината посета на болницата нема никаква врска со коронавирусот, и таа ја помина ноќта во болница како мерка на претпазливост“, пишуваат британските медиуми.

Од Бакингемската палата изјавија дека кралицата жали што не може да ја посети Северна Ирска, но ќе го послуша советот на лекарот и ќе одмори во следните неколку дена.

Можеби ќе ве интересира

Седумте преживеани од автобусот ќе бидат етапно отпуштани од болницата

M T

Милош Земан излезе од болница

M T

Во болница речиси 30 години пиеле вода од тоалетот: „Многу ни е жал“

M T