6.8 C
Скопје
9. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Свет Мозаик Наука

Албанија следната година би можела да лансира сателит во вселената

Првиот сателит „Албанија 1“ треба да биде лансиран во март 2022 година.

Албанија следната година би можела да лансира сателит во вселената. Албанскиот премиер Еди Рама тоа го потврди преку видео објавено на социјалните мрежи.

Според информациите од кабинетот на албанскиот премиер, видеото следи по разговорот на Рама со еден од претставниците на компанијата што ќе овозможи лансирање на сателитот.

Оваа слика, која инаку прикажува снимка од лансирањето на „Спејс Фалкон 9“, потврдува дека првиот сателит „Албанија 1“ ќе биде лансиран во вселената во март 2022 година.

Вториот сателит „Албанија 2“, според видеото, ќе биде лансиран во јуни следната година.

„Албанија во орбитата. Неверојатно, но вистинито “, рече Рама во видеото, во кое не објави повеќе детали за местото на лансирање и видот на сателитот.

Рама пред неколку дена објави дека Албанија ќе има свои сателити за да ја зајакне контролата врз целата територија на земјата.

Според Рама, сателитите ќе се користат за цивилни цели.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес во Албанија

M T

Повторно земјотрес во Албанија, почувствуван и во западните делови на Македонија

M T

Албанија го враќа полицискиот час и најави задолжителна вакцинација за некои граѓани

M T