5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУС+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во изминатите два месеца четвртина од заразените од Ковид-19 биле целосно вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19 во периодот од 6 август до 14 октомври.

Според анализата, за вакцинирани се сметаат лицата што биле вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Како што информираат од Министерството, во споменатиот период на територијата на државата 40.208 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 25 % биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица.

Од Министерството посочуваат дека сепак и натаму останува голем бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од Ковид-19.

„Според статистиката за изминатите два месеца, 30.142 граѓани, односно 74,9 % од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 %, а само 21 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во соопштението.

Анализата покажува и дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

„Во периодот од 6 август до 14 октомври на територијата на државата починале 1.382 пациенти од Ковид-19, од кои 1.149 пациенти, односно 83 % не биле вакцинирани, а само 17 %, односно 233 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас“, велат од Министерството за здравство, од каде што уште еднаш укажуваат на важноста од вакцинација.

Спонзорирано: