Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Македонија

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.554.372 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можеби ќе ве интересира

Шилегов: Верувам дека разумот ќе го надвладее гневот кај граѓаните

M T

САД фрлаат вакцини додека некои во светот уште ги чекаат првите дози

M T

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

M T