21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Евакуирани уште 800 луѓе од островот Ла Палма во Шпанија

Стотици луѓе на островот Ла Палма на шпанските Канарски Острови се разбудија денеска во страв за своите домови и имот.

Нова река од лава од вулканот се закани дека ќе уништи друга населба на пат кон Атлантскиот Океан.

Властите на островот наредија евакуација на речиси 800 луѓе од крајбрежниот град Лос Ланос де Аридана откога лавата почна по нова рута поради што нивните домови се најдоа на можен пат на уништување.

Околу 6.000 луѓе беа веднаш отстранети од областа во часовите по првичната ерупција на вулканот на 19 септември кога нивните домови и фарми беа директно на патот на првиот вулкански поток на лава.

Не беа потребни нови масовни евакуации во следните три недели, но вчера експертите за вулкан ги советуваа властите дека новиот проток на лава се одделил од главниот тек и се упатил кон населено место надвор од она што претходно било зона за евакуација.

Лавата досега уништи над 1.400 згради, вклучувајќи домови, фарми и други објекти, и зафати 656 хектари, вклучувајќи 90 хектари плантажи со банана. Досега нема загинати.

Спонзорирано: