13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Илиевски и Николовски од Куманово: За модерно Куманово го нудиме најдоброто, висок животен стандард и чиста животна средина

Денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски, заедно со вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, ги посетија граѓаните кои живеат во центарот на Куманово.

На средбите и двајцата го понудија најдоброто, она што им е потребно на граѓаните кои живеат во центар на Куманово.

“Со поврзување на двата плоштада во модерен европски плоштад, подземни сообраќајници и паркиралиште ќе го трансформираме центарот на градот во модерен и атрактивен центар”, потенцираше Илиевски.

Вицепремиерот Николовски ги истакна клучните проекти за Кумановци, како гасификација, Мој еколог за чиста животна средина, изградба на детски градинки. И двајцата се согласија дека само соработка на високо ниво помеѓу централната и локалната власт е услов за напредокот на општината и се обврзаа на работа во интерес на граѓаните, за се она што е од приоритетно значење.

Спонзорирано: