10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Здружение за човекови права: Полицијата во Франција ги протерува и малтретира мигрантите

Франција спроведува политика на одвраќање од мигрантите кои сакаат да преминат во Обединетото Кралство, а протерувањето и малтретирањето луѓе станаа речиси секојдневна појава.

На северот на Франција, во и околу Кале, каде што околу илјада луѓе се’ уште живеат на отворено, главно во шуми, под мостови или во напуштени складишта, со надеж дека некако ќе стигнат до Обединетото Кралство, полицијата редовно спроведува масовни депортации, додека во исто време им ги одзема шаторите и вреќите за спиење, како и други работи што не можеле да ги земат во бегство од полицијата.

Запленети 5.000 шатори и вреќи за спиење

Според набљудувачите на човековите права, кои ја следат состојбата на илегалните мигранти во тој дел на Франција, полицијата минатата година изврши околу 950 операции за депортација во Кале и 90 во Гранде-Синте, при што заплени 5.000 шатори, вреќи за спиење и шаторски крила.

„Ништо не може да го оправда понижувањето и секојдневното малтретирање на овие луѓе. Ако целта е да се обесхрабрат мигрантите да не пристигнат во северна Франција, таквата политика не успеа, тоа само ги турка овие луѓе во уште поголема беда“, вели Бенедикет Џанерод, директорка на Француски огранок на Здружението.

Министерот за внатрешни работи не одговори на барањето за коментар за ситуацијата со мигрантите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

M T

Приведени криумчари на мигранти

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T