12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакцини, здравствениот систем пред колапс

Речиси 1,6 милиони дози вакцини против Ковид-19, кои се на залиха во Авганистан, треба да се искористат што е можно поскоро, бидејќи нивниот рок истекува, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Процесот на тестирање и вакцинација против Ковид-19 е значително прекинат од почетокот на август, кога Талибанците дојдоа на власт по повлекувањето на меѓународните трупи предводени од САД, пренесуваат агенциите.

Со сите тешкотии на теренот, СЗО вели дека работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми тестирањето и вакцинацијата против Ковид-19.

Во Авганистан, меѓу другото, СЗО има за цел да вакцинира најмалку 20 проценти од приближно 32 милиони жители.

Во средата СЗО објави дека испратила медицински пакети во две болници во Кабул и провинциските канцеларии на организацијата, доволно за да се задоволат потребите на 50.000 луѓе.

Претходно, организацијата соопшти дека авганистанскиот здравствен систем е пред колапс доколку не се преземат итни мерки.

Според СЗО, девет од 37 болници за ковид веќе се затворени во септември, а илјадници здравствени работници низ целата земја со месеци работат без плата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T