13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Невакцинираните работници во Канада одат на неплатен одмор

Вработени во Канада, кои не се целосно вакцинирани против „Ковид-19“ и не се ослободени од примање вакцини, ќе бидат испратени на неплатен одмор, додека патниците и работниците од домашниот воздухопловен, железнички и бродски сообраќај наскоро ќе треба да покажат доказ за вакцинација.

Вработените ќе треба да презентираат доказ за вакцинација преку Интернет до 29 октомври, велат официјалните лица.

Работниците и патниците во возовите, авионите и крстосувачите кои патуваат дома мора да докажат дека се вакцинирани до 30-ти октомври.

Воведувањето на задолжителна вакцинација беше камен темелник што го вети либералниот премиер Џастин Трудо за време на неговата реизборна кампања.

Либералите се вратија на власт на изборите минатиот месец, но не успеаја да освојат мнозинство.

Политиката за вакцинација на Канада ќе биде една од најстрогите во светот.

Мерките за вакцинација за работниците, чие воведување беше објавено на 13 август, ќе се преконтролираат на секои шест месеци и ќе останат на сила се додека тоа е потребно, рече еден официјален претставник.

За патниците, негативниот тест за „Ковид-19“ нема да биде прифатен како замена за доказ за вакцинација по 30 ноември, рекоа официјалните лица.

Децата под 12 -годишна возраст, кои се уште немаат право на вакцинација во Канада, ќе бидат ослободени од ограничувањето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

Наезда на диви свињи во градовите во Канада

M T

Канада ја замрзнува продажбата и купувањето оружје

M T

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

M T