15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Јелоустоун: Девојче скокнало во извор со вода од 90 степени Целзиусови за да го спаси кучето, сега е во сериозна состојба

Една жена се здоби со тешки изгореници откако скокна во топол извор во националниот парк Јелоустоун за да го спаси своето куче, а сега е во критична состојба.

20-годишната жена, чиј идентитет се уште не е познат, во понеделникот скокна во извор со температура на водата од околу 90 степени Целзиусови и била пренесена во болница. Според службата за паркот, таа се здобила со изгореници „од стапалото до рамото“.

Кучето почина

Нејзиното куче скокнало од автомобилот и се залетало во изворот. 20-годишната девојка скокна во изворот по него, а нејзиниот татко успеа да ја извлече.

Кучето исто така беше извлечено од термалниот извор, но подоцна почина.

Според службата за паркот, во Јелоустоун има околу 10.000 хидротермални извори, од кои повеќе од 500 се гејзери. Досега, повеќе од 20 луѓе загинаа во тој национален парк откако влегоа или паднаа во термалните извори.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T

Девојче почина во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа

M T

И кучињата можат да сонуваат: Еве како да препознаете ЛОШИ СОНИШТА кај вашето домашно милениче

M T

Безживотно тело на шестгодишно девојче извлечено од морето во Грција

M T

Бразил го потврди првиот случај на мајмунски сипаници кај куче

M T

Киргистан: Девојче загина од гром, а уште две деца се повредени

M T