8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Брзината во станбените области да биде ограничено на 30 км / ч во ЕУ?

Во резолуцијата за безбедност на патиштата во ЕУ, усвоена во средата, Европскиот парламент посочува дека околу 22.700 луѓе го губат животот во сообраќајот во Унијата секоја година, додека околу 120.000 од нив се тешко повредени.

Напредокот во намалувањето на стапката на смртност во Европската унија стагнираше во последните години, така што целта на ЕУ за преполовување на бројот на смртни случаи во сообраќај помеѓу 2010 и 2020 година не е исполнета.

Стапката на смртност на патиштата опадна за само 36 проценти. Европратениците затоа посочуваат дека се потребни строги мерки за да се постигне нулта стапка на смртност на патиштата во ЕУ до 2050 година, како што е воведување ограничувања на брзината до 30 км / ч и нула толеранција за возење под дејство на алкохол.

Како што е наведено во соопштението за печатот, пребрзо возење е клучен фактор во околу 30 проценти од фаталните сообраќајни судири. Затоа, тие веруваат дека Европската комисија треба да препорача примена на нови ограничувања на брзината, како што е автоматската примена на максималната брзина од 30 км / ч во станбени области и области со многу велосипедисти и пешаци.

За понатамошно унапредување на безбедноста на патиштата, пратениците инсистираат и на нула толеранција за возење под дејство на алкохол, истакнувајќи дека алкохолот бил присутен во околу 25 проценти од сите смртни случаи на патишта.

Патем, според Европската комисија, Шведска се уште има најбезбедни патишта (18 смртни случаи на милион жители), додека Романија е на дното (дури 85 смртни случаи во сообраќај на милион луѓе се забележани во 2020 година. Просекот во ЕУ е 42.