15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈА

ВРАБОТЕНИТЕ НА ФЕЈСБУК НЕ МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ: Системот е целосно паднат, немаат ни картички за пристап до зградата?!

Прекинот на популарните апликации на глобално ниво крена аларм во целиот свет, а според информациите на странските новинари, целиот систем падна на Фејсбук, така што вработените не можат ни да влезат во нивните работни места, изјави новинарот на Њујорк тајмс.

„Само што слушнав од некој што работи на Фејсбук, кој ми објасни дека вработените не се во можност да влезат во зградата за да го проценат степенот на прекин, бидејќи нивните картички за идентификација на влезот исто така не работеле“, вели новинарката на NYT, Шира Френкел.

Во меѓувреме, се огласија од Фејсбук:

“Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите”, се вели во соопштението.

За потсетување, илјадници корисници на Инстаграм и Фејсбук во моментов имаат проблеми со овие популарни апликации кои престанаа да работат нешто пред 17 часот.

Спонзорирано: