19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Трета доза од „Фајзер“ најмалку по 6 месеци од втората, препорачува Европската агенција за лекови

Европската агенција за лекови заклучи дека третата, засилувачка доза на вакцината на „Фајзер“, може да се даде најмалку шест месеци по втората доза за лица над 18 години.

ЕМА проценува дека податоците за вакцината на „Фајзер“ покажуваат зголемување на нивото на антитела кога третата доза се дава приближно шест месеци по втората доза кај луѓе на возраст од 18 до 55 години.

Дополнителна доза на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ и „Модерна“ може да им се даде на луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем најмалку 28 дена по втората доза, велат од ЕМА.

Се додава дека официјални препораки за употреба на трета доза може да се издадат на национално ниво земајќи ги предвид податоците за ефикасност и ограничените податоци за безбедност.

„Ризикот од воспалителни срцеви заболувања или други многу ретки несакани ефекти по третата доза не е познат и внимателно се следи“, заклучуваат од Агенцијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T