5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Швајцарија ги наградува граѓаните кои убедиле други да се вакцинираат против ковид

Швајцарија нуди ваучери за подарок на луѓето кои што ги убедуваат другите да се вакцинираат против Ковид-19, објави вчера швајцарската влада.

Од секое ново вакцинирано лице ќе биде побарано да именува едно лице што го убедило да се вакцинира, за да биде наградено со ваучер во вредност од 53 долари.

Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните, се наведува во соопштението.

„ Секој може да помогне да се убеди пријател, сосед, соработник или член на семејството за придобивките од вакцинацијата. Оваа соработка на населението треба да се награди“ објави владата.

Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа, со само 58 проценти од целосно вакцинирани луѓе од население од 8,7 милиони.

Швајцарија и соседното кнежество Лихтенштајн објавија повеќе од 840.000 случаи на коронавирус со 10,713 смртни случаи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маж во Швајцарија си ја убил сопругата, го ранил зетот па се самоубил

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Швајцарија го одби барањето на Данска за извоз на оружје во Украина

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T