9.8 C
Скопје
6. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Русија: Отстранети се сите пречки за признавање на „спутник В“ во СЗО

фото: press kit, sputnikvaccine.com

Сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ во Светската здравствена организација (СЗО) се отстранети, остануваат само некои административни процедури, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.

„Не гледаме пречки за понатамошна работа. Ова ни го потврди генералниот директор на СЗО“, рече Мурашко на прес -конференција во Женева по состанокот со директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Сега е неопходно компанијата, која се занимава со регистрација на вакцините во СЗО, да ги потпише и достави документите. „Тоа е административна постапка“, рече Мурашко.

Гебрејесус му се заблагодари на рускиот министер за здравство за посетата, велејќи дека средбата била конструктивна.

Можеби ќе ве интересира

Во Русија потврдени првите два случаја на омикрон

M T

СЗО: Со затворање на границите може да купиме време за справување со омикрон

M T

Америка со порака до Русија: Повлечете ги војниците од украинската граница или ќе следат тешки санкции

M T