9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Црна Гора уапсен руски милијардер, поранешен соработник на Путин

Во Тиват е уапсен рускиот државјанин Игор Чујан, по кого беше распишана потерница од московскиот Интерпол.

„ИЦ (55), државјанин на Руската Федерација, кој се бара од НЦБ Интерпол Москва заради спроведување кривични постапки во Руската Федерација за кривично дело давање / примање поткуп во непрофитна организација, е лишен од слобода “, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.

Чујан е осомничен дека од 2012 до 2018 година, како акционер и сопственик на банка, остварил незаконска добивка во износ од 340 милиони рубли со извршување на споменатите кривични дела. Нему му беше одреден екстрадициски притвор од истражен судија на Високиот суд во Подгорица.

Во јануари 2009 година, Владимир Путин го назначи Чујан за шеф на Федералната служба за регулирање на пазарот на алкохол, а против него поведе истрага девет години подоцна.

Претходно, локалните медиуми објавија дека барањето на адвокатот Николај Егоров поднесено до Путин во 2018 година стана основа за истрага против Чујан. Истрагата беше покрената на 27 април 2018 година, а обвинението против Чујан беше поднесено на 2 август, по што по него беше распишана федерална и меѓународна потерница.

Според доказите, во периодот од 2013 до 2016 година, без согласност на Управниот одбор на ОФК-банка, издадени се 115 необезбедени заеми, во вкупна вредност од околу 14,2 милијарди руби, на компании контролирани од еден од најголемите дистрибутери на алкохолни пијалоци во тоа време – Статус група ДОО. Истрагата утврди дека тие компании се фиктивни.

За време на истрагата, службениците на Истражниот комитет на Русија дојдоа до заклучок дека Чујан ги користел и ОФК банка и компанијата Статус група, како и дека смислил шема за измама.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T