18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од денеска граѓаните на ЕУ мора да поседуваат пасош за влез во Британија

Од денеска личната карта повеќе нема да важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од граѓаните на Европската Унија и на Швајцарија да ги покажат своите пасоши, што е меѓу последните последици од брегзитот.

Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе им овозможи на организираните криминални банди и други лица да бидат спречени да го злоупотребуваат системот бидејќи личните карти, како што вели, се незаштитен документ.

Бројките на Министерството покажуваат дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата со Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти. Тие документи полесно се фалсификуваат отколку пасошите, велат од Министерството, а некои, како што додаваат, немаат биометриски податоци.

„Мораме да дејствуваме против криминалци што сакаат илегално да влезат во нашата земја со фалсификувани документи“, рече министерката за внатрешни работи, Прити Пател, во изјавата.

„Со ставање крај на употребата на незаштитените лични карти ја зајакнуваме нашата граница и ја исполнуваме волјата на луѓето да ја преземат контролата врз нашиот имиграциски систем“, додаде таа.

Новата мерка, објавена пред една година, е дел од новиот широк имиграциски план што го означува најавеното заострување во рамките на брегзит, што Пател во изјавата го опиша како строго кон оние што сакаат да го злоупотребат системот и фер кон оние што ги почитуваат прописите.

Единствените исклучоци за задолжителното претставување на пасошите се ирските државјани, од една страна, и европските и швајцарските државјани со (привремен или постојан) статус на британски жители, од друга, кои ќе може да ја користат својата лична карта до 31 декември 2025 година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T