19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТSHOWBIZ

Глорија Естефан откри сексуална злоупотреба на 9-годишна возраст

Латинопејачката Глорија Естефан откри дека била сексуално злоупотребувана на деветгодишна возраст од наставник по музика, кој бил дел од нејзиното семејство.

Пејачката, најпозната по хитот Turn The Beat Around, проговори првпат за ова во текот на епизода од Red Table Talk: The Estefans што беше објавена на „Фејсбук воч“ во четвртокот.

Таа не го именува човекот, но рече дека тој ѝ се заканил дека ќе ја убие мајка ѝ доколку каже некому.

„Тој ни беше семејство, но не блиско семејство. Тој беше во позиција на моќ затоа што мајка ми ме запиша во неговото музичко училиште. Веднаш почна да кажува колку сум талентирана и како ми треба посебно внимание. Мајка ми се чувствуваше среќна дека тој посветува особено внимание кон мене“, рече Естефан, која сега има 64 години.

Му реков: „Ова не може да се случува, не смееш да го правиш ова“. Тој ми се закани: „Татко ти е во Виетнам, мајка ти е сама и јас ќе ја убијам ако ѝ кажеш“, додаде пејачката.

Кога, конечно, ѝ кажала на мајка си, таа се јавила во полиција, но од таму го обесхрабриле семејството да не го носат случајот на суд поради траумата што Естефан ќе мора да ја претрпи со сведочење.

Спонзорирано: