9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Турција не би купувала руски „С-400“ ако можеше да купи „Патриот“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли тврдењата дека турското купување на рускиот одбранбен систем „С-400“ го загрозува НАТО и посочи дека Анкара дури и нема да мора да ги купи тие системи доколку Американците ѝ го продадат одбранбениот систем „Патриот“.

„Њујорк тајмс“ објави дел од интервјуто во кое Ердоган зборува за купување на рускиот одбранбен систем „С-400“. Текстот е објавен по веста за вчерашната средба на Ердоган со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи.

Ердоган ги отфрли сите тврдења дека турското купување на системот „С-400“ го поткопува воениот сојуз на НАТО.

„Турција купува оружје за себе“, рече Ердоган потсетувајќи дека правото на Турција да избере снабдувач со оружје го потврдија генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа и американскиот претседател Доналд Трамп.

Потсетувајќи дека Турција претходно побара од САД да ѝ го продадат одбранбениот систем „Патриот“, Ердоган рече дека неговата земја нема да мора да купува системи „С-400“ доколку Американците ѝ го продадат „Патриот“.

Во интервју за Си-би-ес, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да купува одбранбени системи од Русија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Ердоган: Европските санкции кон Русија се виновни за енергетската криза во ЕУ

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T