7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУС

СЗО: Бројот на заразени од Ковид-19 во светот намален 10 проценти

Повеќе од 3,3 милиони нови случаи на коронавирус и над 55. 000 смртни случаи беа регистрирани во светот минатата недела, објави Светската здравствена организација (СЗО) во својот неделен билтен објавен рано утрово во Женева.

Според оваа организација, бројот на нови и на смртни случаи од коронавирус во светот се намалил 10 % во текот на минатата недела.

Минатата недела инциденцата на нови случаи падна во источен Медитеран – 17 проценти, западен Пацифик – 15 проценти, Јужна и Северна Америка – 14 проценти, Африка – 12 проценти и во Југоисточна Азија – 10 проценти.

Во исто време, бројот на случаи во Европа остана на исто ниво како и во претходниот седумдневен период, велат од СЗО.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пердасдефогу – Градот со најмногу стогодишници во светот

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T

Гутереш: Светот е во опасност

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Ова се 10те најдобри места за живеење во светот

M T