13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, денеска ќе престојува во Скопје. Тој, како што е најавено, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархељи минатата недела беше во Бугарија, каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Вчера, во Скопје престојуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Иднината на Северна Македонија ќе биде европска. Европската комисија цврсто стои на оваа определба“, нагласи претседателката на Европска комисија на прес-конференцијата, со што ја заврши својата еднодневна работна посета на нашата земја.

Фон дер Лаен претходно беше во Тирана, каде што се сретна со тамошните власти.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

209 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

174 санкционирани возачи во Скопје

M T

Ристо Пенов – таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот…

CENTAR MKD

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

164 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

M T