14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Девет лица починале во Бразил по тестирање лек против Ковид-19

Синџир на бразилски болници тестира непроверен лек на постари пациенти со Ковид-19, без нивно знаење, како дел од обидот на претседателот Жаир Болсонаро да претстави чудотворен лек, изјавил адвокат на лекарите пред сенаторите, пренесуваат медиумите во светот.

„Најмалку девет лица починаа за време на тестирањето во синџирот болници ‘Превент сениор’ од март до април 2020 година, но извештаите беа сменети за да се прикрие причината за смртта“, рече адвокатката Бруна Морато за време на распитот пред Сенатот.

Според медиумите, сопственикот и извршен директор на болничкиот синџир, Педро Батиста, минатата недела за време на неговото сведочење пред Сенатот признал дека извештаите на пациентите се сменети со цел да се отстрани секаква врска со Ковид-19.

Тој негирал дека имало тестирање со непроверени лекови на пациенти без нивно знаење велејќи дека самите пациенти побарале да учествуваат во клиничките испитувања, а лекарите им ги препишале лековите за кои сметаат дека се точни.

„Лекарот е тој што го препишува лекот и во тоа време сите се сеќаваат на коментарите на претседателот Болсонаро и други влијателни луѓе, така што имаше многу пациенти што бараа рецепти“, рече Батиста.

Морато, која застапува 12 лекари вработени во „Превент сениор“, рече дека компанијата им се заканувала и ги отпуштала лекарите што не се согласувале со однапред одредената „опрема против Ковид-19“, која содржи „хидроксихлорокин“, „еритромицин“ и „ивермектин“.

„Нема научни докази дека овие лекови помагаат во лекувањето Ковид-19“, изјави таа.

Таа рече дека на лекарите им било сугерирано да не им го објаснуваат начинот на лекување на пациентите или нивните роднини.

„Целта беше да се покаже дека постои ефикасен третман против Ковид-19“, додаде таа.

Министерството за здравство не ги коментирало ваквите информации и нејасно е, како што пишуваат медиумите, колку владата знае за наводните тестови.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лек за сите проблеми: Еве кои се придобивките од маслото од кантарион во превенцијата од болести

M T

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Природен лек кој може да ни помогне: Еве за што е добар чајот од камилица

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T