7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Анализа: „Како мене нема во Македонија и Европа“ – Данела Арсовска се испофали на првата прес конференција

„Независната“ кандидатка Данела Арсовска, поддржана од партиската коалиција ВМРО-ДПМНЕ-АА-АЛТЕРНАТИВА, се испофали себеси на првата прес-конференција по потпишувањето на кодексот за фер избори во Советот на Град Скопје.

На новинарско прашање дали се занимава со некаков бизнис, Данела Арсовска одговори: „Јас не се бавам со никаков бизнис. Јас сум човек кој што е интелектуалец, сум човек кој што е со интегритет, сум човек кој што е експерт, сум правник и сум економист“.

Потоа, Данела Арсовска се испофали дека како неа немало во Македонија и во Европа: „…имам достигнувања кои што ниту еден човек во Македонија не успеал да ги направи, имам достигнувања кои што ниедна индивидуа не успеала да ги направи и во Европа, и верувам дека тоа ќе знае да се цени…“

Која личност со интегритет, како што се претставува Арсовска, толку се фали себеси дека имала најголеми достигнувања – не само во Македонија, туку и во Европа?

Во своите досегашни јавни настапи, Данела Арсовска најмногу зборуваше за себеси, а најмалку за нејзината визија за Скопје и за проектите кои ќе ги нуди пред скопјани.

Нејзините досегашни јавни настапи оставаа впечаток како да има намера да се кандидира за Мис на Скопје, а не за Градоначалник на Град Скопје. (Ј.С.)

Спонзорирано: