7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Индија уапсени 28 лица за групно силување на девојче

Индиската полиција уапси 28 лица под сомнение за групно силување на 15-годишно девојче, пренесува Би-Би-Си.

Властите во Индија го истражуваат случајот во кој девојчето било силувано во период од околу девет месеци, објавија локалните медиуми.

Извештаите тврдат дека се’ започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели наводно ја користеле снимката за да ја уценуваат и да имаат секс со неа.

Властите соопштија дека групните силувања се случиле во различни предградија на Мумбаи.

Девојчето, најпосле, го пријавило случајот во полицијата, именувајќи вкупно 33 напаѓачи.

Од групното силување на жена во автобус во 2012 година, што предизвика глобален гнев, Индија воведе строги закони за решавање на злосторствата од сексуална природа, но и покрај тоа, силувањата претставуваат сериозен проблем во земјата.

Само минатата година, Националното биро за евиденција за криминал во Индија регистрираше 28.046 случаи на силување – или речиси 77 случаи на ден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Путин ги повика Индија и Кина на заеднички воени вежби, како одговор на обидите на САД да ја изолираат Москва

M T

49 лица загинаа од гром во Индија оваа недела

M T

Индија: Дваесет луѓе загинаа од гром во еден ден

M T

Труење со алкохол во Индија – Починале 26 луѓе, а над 30 се во болница

M T

Индија: Луѓето ги ризикуваат своите животи за да добијат вода

M T